Top Sport

Ливерпул од пенал до три бода, порази на Лестер и Кристал Палас (Видео)

Успешно попладне имаа екипите кои гостуваа во 22.коло, во Премиер лигата. Тие забележаа три победи и едно реми, а честа на домаќините ја спасија фудбалерите на Барнли.

Лидерот на табелата Ливерпул, гостуваше кај Брајтон, не одигра на потребното ниво, но успеа да победи благодарение на голот што го постигна Мохамед Салах од пенал по 50 минути игра. Ливерпул има веќе 18 победи сезонава, а со натпревар повеќе има вишок од седум бода во однос на Манчестер сити.

Саутемптон кај Лестер освои важни бодови во борбата за опстанок во лигата. Ворд-Праус и Шејн Лонг во првиот дел ја најавија победата на „светците“, а конечните 1:2 ги постави Ндиди.

Идентичен гостински триумф 1:2, но со пресврт забележаа фудбалерите на Вотофорд кај Кристал Палас. Двоен стрелец на овој натпревар беше играчот на Вотфорд Каркет, кој најпрвин постигна авто-гол во 38.минута, потоа израмни на 1:1 во 67.минута, а Клеверли во 75.минута пооди за победа на Ватфорд.

Барнли го совлада Фулам со 2:1, а головите беа постигнати во првите 23 минути. Ширле постигна брилијантен гол во втората минута за Фулам, а со головите на Брајан и Одои во 20. и 23.минута Барнли направија пресврт.

Без голови заврши пресметката помеѓу Кардиф и Хадерсфилд.

Scroll to Top