Тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, го продолжил договорот со клубот. Српските медиуми објавија дека младиот тренер во наредните три години ќе остане во клубот, за годишна плата од 600.000 евра.
Дејан Станковиќ е легенда на Црвена звезда, најмлад капитен во историјата на клубот. Кариерата ја градеше во Лацио и Интер.
Тренер на Црвена звезда стана во јануари 2019 година. Успеа да ја одбрани титулата, а оваа сезона го предводи клубот до нова титула во првенството на Србија и е во потера по рекордот на Селтик од 106 освоени бодови во една сезона.
Црвена звезда, во пресрет на последното коло, на совето конто има 105 бодови.
Претходните денови, Станковиќ се поврзуваше со Сампдорија.