На почетокот на октомври, месец и половина откако поднесе оставка од Црвена Звезда, Дејан Станковиќ стана тренер на Сампдорија. Само 30 дена подоцна италијанските медиуми пишуваат дека тој е на прагот да добие отказ и наведуваат дека Клаудио Раниери би можел да го замени на клупата на тимот кој е во зоната за испаѓање од Серија А.
Српскиот гигант на италијанскиот фудбал, кој го заслужи тој статус играјќи клучни улоги во трофејните тимови на Лацио и Интер од 1998 до 2013 година, неодамна се врати во Италија на својата прва самостојна тренерска работа откако пред осум години беше помошник тренер во Удинезе.
Станковиќ ја водеше Сампдорија на седум првенствени натпревари. Има победа на мечот со Кремонезе и реми со Болоња и порази од Рома, Интер, Фиорентина, Торино и од Лече.
Како опција на клубот италијанските медиуми го споменуваат Клаудио Раниери. 71-годишниот стручњак веќе ја одби Сампдорија кога кога беше отпуштен Марко Џампаоло, односно пред доаѓањето на Станковиќ. Раниери ја водеше Сампдорија од 2019 до 2021 година.