Top Sport

Болт на „проба“ во австралискиот клуб Централ Коуст маринерс

Осумкратниот олимписки шампион, Јусеин Болт ќе оди на проба во австралискиот фудбал, откако Централ Коуст маринерс објавија дека размислуваат да му дадат едногодишен договор на Јамајчанецот.

31-годишниот Болт се пензионираше од атлетиката по минатогодишното СП во Лондон, по што беше на тренинзи и тестови кај повеќе фудбалски клубови, вклучувајќи го и Борусија Дортмунд. Сега, Централ Коуст ќе му понудат шестнеделен пробен период.

„Клубот може да потврди дека преговара со олимпискиот шампион и светски рекордер за тестирање во нашиот клуб. Ние сакаме да играме улога во амбицијата на Болт да стане професионален фудбалер“, се вели во известувањето од клубот.

Scroll to Top