На Дејвид Бекам му беше доделена титулата „Сер“ од британскиот крал Чарлс III.
Познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед го доби ова признание на доделувањето на наградите по повод роденденот на британскиот крал, привилегија што ја имаат само мал број луѓе.
Покрај Бекам, оваа титула претходно ја освоија легенди на Јунајтед како што се Боби Чарлтон и Алекс Фергусон. Бекам ја доби титулата „сер“ поради неговиот „голем придонес“ за државата.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед играше и за ПСЖ, Реал Мадрид, Милан и ЛА Галакси, а имаше 115 настапи за репрезентацијата на Англија.
„Растејќи во Источен Лондон со родители, баби и дедовци кои беа толку патриотски настроени и горди што се Британци, никогаш не можев да замислам дека ќе добијам толку големо признание“, рече Бекам.
Бекам е 14-ти на листата на фудбалски работници кои ја добиле титулата „Сер“ во Британија. На таа листа има и четири тренери на Англија, а последен што ја добил оваа титула е Гарет Саутгејт.
Бекам моментално е сопственик на Интер Мајами, каде што игра Лионел Меси.