Top Sport

Дејвид Мојс лут на играчите со „голема репутација“

Новиот менаџер на Вест Хем јунајтед, Дејвид Мојс реши да ги нападне играчите со „голема репутација“ по 2:0 поразот од Ватфорд во неговиот прв меч на чело на лондонскиот клуб.

Вест Хем рано почнаа да губат, а откако пропуштија голем број на шанси, примија втор гол во 64. минута и мечот беше одлучен.

„Мислам дека некои играчи со голема репутација ме разочараа. Ова беше првата шанса да ги видам како играат и нивната репутација не се покажа на теренот. Тие беа подобри и победија, ние не ги искористивме нашите шанси. Знам дека на фудбалерите им е тешко, но и јас не уживав во нивната игра“, вели Мојс.

Навивачите на „чеканите“ го пречекаа Мојс со аплауз пред натпреварот, но беа лути и исфрустрирани по уште еден пораз со кој се во зоната за испаѓање со 9 поени од 12 натпревари.

„Добро е да се знае дека навивачите се зад тебе, бидејќи сега навистина ни требаат и треба да се обединети. Знам дека се лути бидејќи не игравме најдобро“, додава Мојс.

„Стршените“ му го расипаа дебито на Мојс (видео)

Scroll to Top