Top Sport

Наинголан мораше да се правда – не глумел повреда

Раџа Наинголан врати луто на обвинувањата дека глумел повреда за да не игра во пријателските мечеви на Белгија против Мексико и Јапонија.

Играчот од средниот ред на Рома се повлече од репрезентацијата со повреда на бутниот мускул, иако селекторот Роберто Мартинез го врати во тимот по подолга пауза. Белгиските медиуми шпекулираа дека 29-годишниот Наинголан намерно изјавил дека е повреден, пред да се врати со гол во дербито на Рим, носејќи ја Рома до победа над Лацио.

„Прочитав работи кои не се вистинити, дека глумев повреда да не играм за Белгија. Зошто не контактирате со докторот да ги проверите медицинските картони? Белгиските коментари понекогаш се ѓубре.  Играч кој не бил во претходниот состав треба да има желба да се врати пред Светското првенство, нели?“, вели Наинголан.

Римското дерби за „волчицата“, почит за Сандри од двете навивачки групи (видео)

Scroll to Top