Top Sport

Дејвид се договорил со Јувентус

Фото/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Еден од најбараните слободни играчи на пазарот, Џонатан Дејвид, кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Репрезентативецот на Канада е слободен играч откако му заврши договорот со Лил. Интерес за Дејвид во изминатиот период покажаа Арсенал, Ливерпул, Њукасл, Интер и Наполи, но како што тврдат медиумите во Италија тој ќе се пресели во Јувентус.

Според овие извори, Џонатан Давид во текот на претходната ноќ ги договорил сите услови за соработка со Јувентус. Се очекува да пристигне на медицински прегледи и да потпише договор во наредните денови.

Трансферот на Дејвид и намерата на Јувентус да го задржи Рандал Коло Муани, италијанските медиуми го толкуваат како уште еден чекор кон заминувањето на Душан Влаховиќ.

Србинот за кого Јувентус на Фиорентина пред две и пол години и плати 85 милиони евра, влезе во последната година од договорот. Меѓутоа се чини дека Јувентус ќе има проблем да се ослободи од Влаховиќ.

Тој одби да потпише нов договор и да прифати помала плата, но исто така нема намера да го напушти клубот. Влаховиќ оваа сезона треба да заработи 12 милиони евра нето (20 милиони евра бруто), што го прави најплатениот играч на Јувентус.

Scroll to Top