Top Sport

Деклан Рајс во рекорден трансфер се сели во Арсенал

Вест Хем јунајтед потврди дека капитенот Деклан Рајс го напуштил клубот.

Во соопштението на „Чеканите“ се наведува дека играчот од средниот ред заминал за рекордна оштета кога се работи за британскиот фудбал, но интересно во соопштението клубот не наведува каде заминал Деклан Рајс.

И покрај тоа што Вест Хем не го наведе името на новиот клуб на Рајс, јасно е дека се работи за Арсенал.

Арсенал за трансферот на 24. годишниот играч од средниот ред ќе издвои 122 милиони евра, а трансферот може да се изнесува и 140 милиони евра доколку се реализираат сите бонуси.

Рајс го напушта Вест Хем, каде што ја започна професионалната кариера, по одиграни 245 натпревари. Последниот му беше во јуни, кога му помгна на клубот да го освои трофејот во Конференциската лига.

Со победата над Фиорентина 2:1, Вест Хем го освои првиот трофеј по пауза од 43 години.

Рајс на Вест Хем му се приклучи во 2013 година на 14. годишна возраст, а дебитираше четири години подоцна, во мај против Барнли.

Рајс ќе стане третото засилување на Арсенал, откако претходно ги потврди доаѓањата на Каи Хаверц и Јуријен Тимбер.

Scroll to Top