Најпознатиот навивач на шпанската репрезентација, Маноло ел дел Бомбо, кој е постојано на трибините на натпреварите на Шпанија со својот тапан, во солзи објаснува дека поради правилата на ФИФА не може да го носи својот тапан на руските стадиони.
Тој дури бара интервенција од шпанскиот премиер Педро Санчез, да му биде дозволено барем од осминафиналето да ја поддржува Шпанина на овој начин.
„По десет Светски првенства навистина не е исправно што не ми даваат да го носам мојот тапан на натпреварите. Некој мора да реагира. Зошто да не и шпанскиот премиер, или рускиот претседател Владимир Путин“, вели низ солзи Дел Бомбо.