Top Sport

Михајловиќ отпуштен по девет дена на чело на Спортинг

Спортинг Лисабон потврди дека го отпушти тренерот Синиша Михајловиќ само девет дена откако Србинот беше именуван за главен тренер на португалскиот клуб.

49-годишниот Михајловиќ доби тригодишен договор неколку дена пред претседателот Бруно де Карваљо да биде „исфрлен“ од клубот во обид да се спаси ситуацијата откако девет фудбалери се откажаа од Спортинг по нападот од навивачите во мај.

„Спортинг решија да го прекинат условниот период на Михајловиќ и да го откажат неговиот договор. Набргу ќе побараме нов тренер, кој ќе биде претставен до понеделник“, вели новиот претседател на клубот, Жосе Соуса Синтра.

Спортинг беа трети во португалската лига минатата сезона и стигнаа до четврт-финалето на Лигата на Европа.

Scroll to Top