Top Sport

Дел Боске: Никогаш не би го купил Нејмар

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и селектор на Шпанија, Винсенте дел Боске, има свое мислење за „случајот Нејмар“.

Бразилецот цело лето беше топ-тема во фудбалскиот свет, а на крајот му пропадна трансферот од Пари Сен Жермен во Барселона.

„Доколку се вратеше тоа ќе биде добро за шпанската лига, но доколку јас сум еден од луѓето во клубот никогаш не би купил. Тој е исклучителен фудбалер, меѓутоа кај него постојат други аспекти кои мене ми се одбивни. Доколку спроведете анкета меѓу навивачите на Барселона сигурен сум дека преку 50 отсто би биле против неговото враќање во клубот“, смета Дел Боске.

Трофејниот тренер го коментирал и почетокот на сезоната во Ла Лига.

„Одиграни се само три кола и крај името на секој клуб постои голем знак прашалник. Атлетико се единствени со три победи иако извршија големи промени во тимот. Реал е во фаза на реконструкција и тука има многу прашања, особено за силата на тимот. Барса се мачат без Суарез и Меси, но ќе се кренат кога тие ќе се вратат, истото ќе се случи со Реал кога ќе им се врати Азар“.

Дел Боске со Реал освоил две титули во Лигата на шампионите, а со Шпанија бил светски првак и европски шампион.

Scroll to Top