Top Sport

Астон вила и Фулам во меч вреден минимум 160 милиони фунти

Астон вила и Фулам ќе играат за награда од минимум 160 милиони фунти во сабота, кога ќе се сретнат на „Вембли“ во борбата за место во Премиер лигата во меч, кој според многумина е најбогатиот меч на светот.

Според „Делоит“, групацијата која прави анализи на парите во фудбалот, победникот од плеј-офот може да заврши на последното место следната сезона и да профитира од тоа од парите од ТВ правата и од другите комерцијални правила.

„Сите очи ќе бидат вперени кон ’Вембли’ во сабота попладне, за кешот кој го добива победникот. Тоа е фантастичен мотив за сите тимови во Чемпионшип“, вели Ден Џонс, шефот на спортската групација на „Делоит“.

Фулам би заработил 170 милиони фунти во следните три сезони дури и да испаднат од Премиер лигата следната сезона, најмногу од парите од Премиер лигата, како и дополнителните исплати во следните две сезони од по 75 милиони фунти.

Вила, кои испаднаа од Премиер лигата во 2016 ќе го добијат третото одложено плаќање следната година, но ако влезат во ПЛ ќе мора да се откажат од тие пари. Затоа тие би добиле околу 160 милиони фунти во следните три сезони ако успеат да победат.

Scroll to Top