Top Sport

Дел Пјеро: Јуве згрешија што го пуштија Манџукиќ

Легендата на Јувентус, Алесандро дел Пјеро смета дека неговиот поранешен клуб направил клучна грешка кога решил да дозволи хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ да си замине од „Алијанц арената“.

Дел Пјеро зборуваше за ситуацијата во Јуве, каде што „бјанконерите“ одиграа два меча без да постигнат гол по рестартот на италијанскиот фудбал, сметајќи дека во ваква ситуација ќе им беше совршен ветеран како Манџукиќ.

„Јас ќе го заддржев до крај! За тоа што го имаше направено за клубот и за тоа што можеше да го направи. За жал, Јувентус денеска немаат таков фудбалер“, вели Дел Пјеро за „Скај спорт Италија“.

Јуве се враќаат на терен вечерва на гостувањето на „Ренато Дал’Ара“ против Болоња.

Scroll to Top