Top Sport

Тогоанскиот напаѓач Кудагба починал од маларија на 25 години!

Напаѓачот Коси Кудагба починал на само 25 години од маларија во неговата татковина Того. Кудагба, кој играл за тимот АСЦ Кара, последните две сеони бил најдобар стрелец во националниот шампионат, а во 2019 ја освоил титулата.

Тој си заминал од тимот по суспензијата на лигата поради корона вирусот за да живее со роднините во предградието на главниот град Ломе, каде што се разболел и подоцна починал.

„Во овие тешки моменти, извршниот комитет на Тогоанската фудбалска федерација (ФТФ) изразува сочувство на семејството на починатиот“, се вели во соопштението на националната федерација.

Кудагба бил пред трансфер во тунискиот УС Татауин минатата година, но паднал на медицинскиот тест поради проблеми со срцето. Тој имал три настапи за националниот тим на Того.

Scroll to Top