Top Sport

Дел Пјеро: Меси ќе ја заврши кариерата со Барса

Легендата на Јувентус, Алесандро дел Пјеро вели дека приказната би имала „совршен крај“ доколку Лео Меси ја заврши кариерата со Барселона.

Ова доаѓа откако Меси влезе во јавен конфликт со спортскиот директор на клубот, Ерик Абидал, а се откри дека во неговиот договор има клаузула со која тој може бесплатно да замине во текот на летото. Дел Пјеро не верува дека Меси има желба да си замине.

„Меси е гениј и имаше фантастична сезона. Не верувам дека сака да си замине од тимот бидејќи има солиден однос со управата. Сите показатели велат дека тој ќе остане таму цела кариера. Тоа ќе биде многу убава приказна“, вели Дел Пјеро.

Дел Пјеро освои шест титули од Серија А и трофеј од Лигата на шампионите во блескавата кариера со Јуве од 1993 до 2012 година. Оваа година, Јувентус може има најсериозен предизвик на домашен терен со одличните Интер и Лацио во „лов“ на „бјанконерите“.

„Конечно, имаме трка за титула која може да трае повеќе од три-четири месеци. Навикнати бевме Јувентус да има голема разлика во јануари, така што ова е позитивно“, додава Дел Пјеро.

Scroll to Top