Top Sport

Дел Пјеро: Вината не е само во тренерот, Јувентус има многу поголеми проблеми

Фудбалерите на Лацио го победија Јувентус со 1:0 во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А. Со оваа победа, Лацио скокна на 10-то место со 11 бода, додека Јувентус остана осми со еден бод повеќе.

Екипата на Игор Тудор со овој пораз ја продолжи серијата од осум последователни натпревари без победа, што е најдолгата таква серија во последните 16 години.

Тренерот е жестоко критикуван, но легендарниот капитен на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, застана во негова одбрана. Поранешниот италијански напаѓач и поранешен соиграч на Тудор смета дека хрватскиот тренер не е единствениот виновен за очајната ситуација во клубот.

„Не мислам дека зборот конфузија е најсоодветен за Игор Тудор. Го познавам многу добро како играч и како личност, разговарав со него и во Лигата на шампионите кога бев во Мадрид. Не е во прашање на конфузија. Јувентус денес нема проблем со тренерот, туку поширок проблем во начинот на кој е составен тимот, колку добро успеа да се поврзе на почетокот на сезоната, како играат поединците.

Значи многу работи имаат влијание. Вечерва тимот беше сè уште жив, не заслужуваше да изгуби, можеби нерешено би бил најфер исходот. Играше добро во Мадрид, проблемот е Комо. Натпреварот со Комо дојде по паузата за репрезентативни натпревари и се случи тој пад. Не мислам дека овој тим би го освоил првенството со кој било друг тренер“, рече популарниот Пинтуричио и дополни. .

„Проблемот е поширок затоа што сè уште немате 11 сигурни стартери, а тоа не е затоа што Тудор не го сака тоа или поради тоа што сака сите да ги држи под притисок. Со исклучок на 2-3 играчи кои одржуваа континуитет, како Јилдиз и Турам, останатите постојано имаа осцилации. Еден или двајца ќе бидат добри, останатите ќе бидат полоши.

Со оглед на бројот на натпревари, сте принудени да воведувате други играчи. Но, нема никој за кого можете да кажете дека мора секогаш да игра, таква е реалноста. Затоа не можете да го обвинувате само тренерот. Денес, Јувентус е во големи проблеми, но тој тие не доаѓаат само со последните резултати.“

Тудор го предводи Јувентус од 23 март оваа година. Досега има забележано десет победи, осум нерешени и шест порази.

Foto/ EPA

Scroll to Top