Деле Али може да замине од Тотенхем уште во јануари, откако претседателот на клубот, Даниел Леви му дал дозвола да оди на позајмица или да биде продаден за да може да ја спаси својата фудбалска кариера по драстичниот пад на формата.
Леви претходно одбиваше да го пушти англискиот репрезентативец, вклучувајќи ја понудата од ПСЖ минатата зима, но сега откако последните 12 месеци има епизодна улога во клубот и под новиот тренер Антонио Конте, ќе биде дозволено тој да замине.
Али има стартувано само пет меча од Премиерлигата оваа сезона, сите под претходниот менаџер Нуно Еспирито Санто, а сега Конте дозволил тој да замине. Единствен проблем за трансфер би било тоа што Али има договор со Тотенхем до јуни 2024, и Тотенхем повеќе би сакале да се работи за позајмица со обврска за купување.