Top Sport

Деле Али провоцираше па го погодија со шише (Видео)

Арсенал и Тотенхем, синоќа играа во четврт-финалето во Карабао купот. Тотенхем победи кај ривалот од северен Лондон со 2:0 и се пласира во полу-финалето. Натпреварот ќе се памети и по инцидентот кога шишенце со вода заврши во главата на Деле Али.

Али кој беше стрелец на вториот гол, неколку пати ја провоцираше публиката, а недолго откако го постигна голот доби шише во главата. Неговата реакција дополнително ги налути фановите на Арсенал, тој само се заврте кон трибините покажувајќи им го резултатот.

За разлика од Али, менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, инцидентот го нарече „глупав гест“.

„Помеѓу клубовите секогаш постои големо ривалство, постои позитивна омраза, ни се мразиме позитивно. Лошо е кога сте заслепени и кога сакате да ги повредите луѓето или ривалите. Една глупава особа денес направи грешка. Јас лично ги почитувам навивачите на Арсенал. Кога еден човек ќе направи глупост тоа не можете тоа да им го припишете на сите. Се надевам дека Арсенал ќе го идентификува овој поединец. Среќа што добро се заврши, можеше да биде и полошо“, рекол Покетино.

Инаку, Тотенхем во полу-финалето за противник го добија Челси. Втората полуфинална двојка ја формираа Манчестер сити и најпријатното изненадување во Карабао купот, членот на Лига 1, Бартон Албион.

Scroll to Top