Top Sport

ФК Осогово до Жозе Мурињо: Дојди да работиш кај нас

Отказот што Жозе Мурињо го доби пред два дена од Манчестер Јунајтед е тема со која ќе спортската јавност сигурно ќе се занимава и во наредните денови.

Заминувањето на Португалецот ги „запали“ социјалните мрежи, а внимание привлече и објавата на фудбалскиот клуб Осогово, члeн на Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Клубот од Кочани му испрати порака на Португалецот да седне на клупата на Осогово.

„Мурињо, дојди кај нас. Ништо нема да загубиш, сигурно ќе бидеме шампиони, а и ќе го научиш македонскиот јазик“, пишува клубот на својот профил на „Твитер“.

Scroll to Top