Top Sport

„Делии во 1997 година среде Белград навиваа за Кроација“ (Видео)

Поранешниот хрватски фудбалер Игор Цвитановиќ за порталот „Спортска“ се присетил на квалификацискиот дуел помеѓу Партизан и Кроација (Динамо Загреб) во 1997 година. Партизан победи во Белград со 1:0, во реваншот во Загреб доживеа дебакл, Кроација победи со 5:0.

Ден пред натпреварот во Белград, на тренингот на Кроација се појавиле навивачи на Црвена звезда. Познато е каква омраза владее помеѓу навивачите на Црвена звезда (Делии) и Партизан (Гробари).

„Дојдоа да ги поздрават Горан Јуриќ и Робарт Просинечки кој остави длабока трага во дресот на Црвена звезда. Во еден момент рекоа: ‘Да им го еб..е мамето гробарско’. Навивачите на Црвена звезда наместо за нивните Срби навиваа за нас Хрватите“, рекол Цвитановиќ.

Scroll to Top