Top Sport

Спалдинг направи топка во чест на Коби Брајант

Американскиот производител на кошаркарските топки „Спалдинг“ во продажба ќе пушти специјални топки во чест на Коби Брајант.

Легендата на светската кошарка загина во хеликоптерска несреќа на 29 јануари во Лос Анџелес.

Топката која ја направи „Спалдинг“ е во црна и сива боја, потсетува на змиска кожа (Црна Мамба беше прекарот на Брајант) и има автограм на легендарниот играч.

„Спалдниг“ топките во продажба ќе ги пуштат во понеделник. Бидејќи се работи за специјално издание топката ќе има и посебна цена од 125 долари.

Scroll to Top