Top Sport

„Делиите“ ги гаѓале судиите, го погодиле помошникот на Станковиќ

Црвена звезда загуби од Митјиланд (0:1), во четвртото коло во Лига Европа. Навивачите, познати под името „Делии“, за поразот го обвинија Томаш Богнар. Унгарецот во 12.минута му додели црвен картон на Милош Дегенек, а во самиот финиш поради вториот жолт картон го исклучи и Марко Гобељиќ.

Навивачите на Црвена звезда, по завршувањето на натпреварот, кога судиите го напуштаа теренот, со разни предмети фрлале кон Богнар и неговите помошници.

Во хаосот повреден бил, Федерико Паночини, кондицискиот тренер на Црвена звезда. Тој со раскрварена глава, бил хоспитализиран. Ситуацијата ја смирил капитенот на Црвена звезда, голманот Милан Борјан, кој им помогнал на судиите, а потоа и на фудбалерите на Митјиланд, да влезат во соблекувалните.

Српските медиуми шпекулираа дека поради инцидентот во кој е повреден еден од неговите помошници, тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, не се појав на прес конференцијата.

Scroll to Top