Top Sport

Навас на принудна пауза поради повреда на мускулот

Капитенот на Севилја, Хесус Навас, поради повреда, два месеци ќе биде надвор од тимот. Ветеранот го повредил бутниот мускул во вторникот, против Лил, во Лигата на шампионите.

Севилја доживеа пораз на „Рамон Санчез Писхуан“ (1:2), а Навас теренот го напушти во 65.минута.

„Навас има повреда на бутниот мускул на десната нога. Ќе отсуствува околу осум недели“, соопшти Севилја.

Тој ќе ги пропушти последните два натпревари во Лигата на шампионите, против Волфсбург и Салцбург.

Scroll to Top