Илјадници навивачи на Црвена звезда се најдоа на плоштадот „Мариенплац“ во центарот на Минхен, каде што се подготвуваат за дуелот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен и, секако повторно не успеа сè да помине во најдобар ред.
Дел од „Делиите“ начекаа еден човек со дрес на Галатасарај, по што го натераа да го соблече, навлекувајќи го бесот на навивачите по затегнатите односи меѓу српскиот и турскиот клуб кои се влошија по убиството на српскиот навивач Марко Ивковиќ во Истанбул пред пет години.
Ова не е првпат оваа сезона навивачите на Звезда да се прикажат во лошо светло. При гостувањето во Берн за баражот за пласман во ЛШ против Јанг бојс, тие начекаа луѓе од една клиника за наркомани кои ги нападнаа.
Делије насрнуле на навијача Галатасараја.ЖИВИШ!? pic.twitter.com/kOHcv3Oh5K
— Dr.Terza (@BC_Crvenazvezda) September 18, 2019