Top Sport

Делор: Нејмар е голем фудбалер, но нула човек

Напаѓачот на Монпелје, Анди Делор го обвини Нејмар дека нема никаква почит кон своите ривали по дуелот од Лига 1 во саботата, во кој Бразилецот ги инспирираше ПСЖ до 3:1 кам-бек победа во последните 15 минути од мечот.

По мечот, двајцата фудбалери беа во дуел, и Делор вели дека Нејмар едноставно не е „човек“.

„Нејмар? Тој е голем фудбалер, но вистинска штета што сака да биде во конфликт со сите. Сите го почитуваат, така што не мора да бидете непријателски расположени кон противниците. Што му кажав? Дека победија 3:1 и дека нема потреба за такви работи. Кога зборувавме, тој ми кажа дека не почитува, но тоа не го покажа на теренот. Мора да има малку домашно воспитание, а сите го знаеме каков е откако дојде во Франција“, вели Делор.

Scroll to Top