Top Sport

Руиз се извини на тренерот: Последните три месеци само се забавував

Енди Руиз Јуниор признава дека последните три месеци само се забавувал и дека тоа е главната причина за неговиот пораз од Ентони Џошуа во ри-мечот во Саудиска Арабија во саботата.

30-годишниот Мексиканец ги загуби појасите во тешка категорија кои ги освои во јуни со слаб меч во кој не успеа да дојде блиску до Британецот, а ги изненади сите што беше потежок од првиот меч, што се покажа и во рингот.

„Морам да се извинам на мојот тренер Мани Роблес. Тие ми зборуваа и требаше да ги послушам, а не да ставам уште килограми. Станав премногу самоуверен и нема изговори. Не сакам да признаам, но трите месеци на забави и на прослави влијаеја на мене. Мислам дека во третиот меч ќе бидам подобар од него“, вели Руиз.

Џошуа повторно е светски шампион, „дебелкото“ Руиз заврши со пукната аркада (видео)

Scroll to Top