Македонскиот прволигаш Победа го претстави Методија Делов како прво засилување за новата сезона, во која се враќа во прволигашка конкуренција. Искусниот дефанзивец, кој има 29 години се очекува да биде еден од клучните играчи во тимот на стратегот Бобан Бабунски.
Делов во Победа дојде од Тиквеш, а претходно настапуваше за екипите на Кожуф и на Вардар Неготино, а има интернационална кариера и во Грција.
Во деновите што следуваат, Победа најави дека ќе официјализира уште неколку нови имиња.