Top Sport

Демба Ба демантира дека си заминал од Башакшехир поради постењето за Рамазан

Поранешниот сенегалски репрезентативец, Демба Ба демантира дека си заминал од Истанбул Башакшехир поради неговото инсистирање да пости за време на Рамазан, туку вели дека му било порачано дека нема да има место за него во првиот тим.

36-годишниот Ба си замина од Башакшехир минатиот месец по крајот на договорот, а шпекулациите велеа дека тоа го направил по караницата со тренерот Ајкут Коџаман поради инсистирањето да се пости за времен на Рамазан.

„Ми кажаа дека веќе не сум потребен бидејќи тренерот нема да ми дава многу минути до крајот на сезоната. Поради моето име и почитта која ја имаа кон мене го прекинаа договорот предвреме. Понекогаш имам цврст карактер, не ми е грижа да кажам што мислам и тоа не функционира секогаш. Разговарав со тренерот пред неколку недели за многу работи и можеби бев преостар.Ми кажа дека ќе бира фудбалери кои можат повеќе со топката пред тие кои се подготвени да трчат и да се борат и ми кажаа дека ќе бидам стартер. Две недели подоцна против Фенербахче не бев ниту во составот. Не верувам во шпекулациите бидејќи има фудбалери во тимот кои играат и постат. Случајност“, вели Ба, кој минатата сезона помогна Башакшехир да станат шампиони на Турција.

AnimeDao animedao boku no hero: One Piece (Dub) Episode 693

AnimeFreak kiss x sis animefreak: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) (https://animefreak.ws/m/b5mX) Episode 26

Scroll to Top