Top Sport

Дембеле и Лион го „урнаа“ европскиот сон на Манчестер сити и Пеп Гвардиола

Пеп Гвардиола и Манчестер сити повторно не успеаја. Желбата да се освои трофејот од Лигата на шампионите ќе почека барем уште една година, откако Лион стигна до неверојатна 3:1 победа во последното четврт-финале и закажа застрашувачки дуел со Баерн Минхен, кои вчера со 8:2 ги „прегазија“ Барселона.

Лион се приклучува на Пари Сен-Жермен како втор француски полуфиналист во европската лита, откако богатиот париски клуб ќе игра со уште еден германски тим, РБ Лајпциг во второто полуфинале. За Сити, по тешкиот пораз во трката за премиерлигашката титула, ова е уште еден горчлив пораз во потрага за европска слава во меч во кој беа апсолутни фаворити.

Дека задачата ќе биде многу тешка за „граѓаните“ стана јасно во 24. минута, кога Максвел Корне, човекот кој им даде на Сити два гола минатата сезона во Лигата на шампионите, од огромна далечина успеа да го совлада Едерсон.

И покрај доминацијата над топката, Сити не успеа да постигне гол до крајот на полувремето, пред во 69. минута, конечно да стигнат до гол по одличната акција на Рахим Стерлинг и Кевин де Брујне. Меѓутоа, тука тимот на Руди Гарсија ја покажа својата сила.

Муса Дембеле во 79. минута само што влезе во игра доби одлична топка од Хусем Ауар за да ги донесе Олимпик во ново водство, пред во 87. минута да го зголеми водството на 1:3.

Scroll to Top