Top Sport

Дембеле ќе се пензионира за седум години

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле изјави дека планира да се пензионира за седум години, кога ќе има точно 34 години.

„Сакам да се пензионирам на 34 години и да се занимавам со недвижнини и да инвестирам во Африка и Франција“, рече крилниот напаѓач во разговорот со сонародниците Аурелиен Чуамени и Жил Кунде во подкастот „ESN Media – The Bridge“.

Дембеле својата професионална кариера ја започна во Рен, за кој одигра 29 натпревари и постигна 12 гола, пред да потпише договор со Борусија Дортмунд за 35 милиони евра во 2016 година.

Во клубот од Дортмунд по 50 настапи и десет гола стана фудбалска ѕвезда, за него Барселона во 2017 година плати 140 милиони евра. Трансферот на Дембеле е трет најскап досега, зад Килијан Мбапе (180 милиони евра, од Монако во ПСЖ) и Нејмар (222 милиони евра, од Барселона во ПСЖ).

Scroll to Top