Напаѓачот на Олимпик Лион Муса Дембеле изјавил дека не го интересираат шпекулациите за негов трансфер во јануарскиот преоден рок. Дембеле медиумите најчесто го поврзуваат со Манчестер Јунајтед, Челси и Тотенхем.
„Нема да заминам оваа зима. Многу работи се пишуваат. Јас само треба да останам смирен и да ги игнорирам шпекулациите“, рекол Дембеле.
Претходно и првиот човек на клубот Жан-Мишел Ола рекол дека Дембеле нема да ја напушти Франција, бидејќи сакал да освојува трофеи со Лион.
Напаѓачот е во Лион од 2018 година, а претходно бил играч на Фулам и Селтик.