Top Sport

Дембеле неизвесен за пресмеката со Манчестер јунајтед

Барселона славеше на гостувањето кај Џирона (1:0), во локалното дерби но остана без Усман Дембеле. Францускиот репрезентативец побара измена во 26.минута од натпреварот.

Неколку часа по натпреварот, шпанските медиуми објавија дека Дембеле има повреда на квадрицепсот на левата нога. Оваа повреда ќе го оддалечи од тимот во наредните три недели.

Поради повредата Дембеле најверојатно ќе го пропушти натпреварот со Манчестер јунајтед, на 16.февруари во Лига Европа.

Scroll to Top