Усман Дембеле го напуштил утринскиот тренинг на барселона поради болка во мускулот. Истиот мускул тој го повреди во ноември минатата година и оттогаш нема одиграно натпревар за каталонскиот клуб.
Зезонава Дембеле има одиграно само девет натпревари за Барселона о сите натпреварувања. Сезоната му започна со повреда на препоните, која ја обнови во мечот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Сите во Барселона, а најмногу новиот тренер Кике Сетиен со нетрпение го чекаат неговото враќање во тимот. По се изгледа тој ќе поќека на враќање во екипата.
Тој учествувал во вежба „три натри“ кога почувствувал болка во мускулот. Веднаш потоа заминал од тренингот.
Од Барселона не се огласиле по повод повредата на Дембеле.
Францускиот ас во Барселона пристигна во 2017 година од Дортмунд за 125 милиони евра.