Top Sport

Фиорентина и Јуве ја продолжуваат „војната“ – Комисо: Недвед да се извини!

Победата на Јувентус од 3:0 над Фиорентина предизвика голема дискусија уште во неделата, кога во необична војна на зборови влегоа претседателот на клубот од Фиренца, Роко Комисо и потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед.

Комисо се пожали на двата досудени пенали за Јувентус, велејќи дека е „срамота“ Јувентус да добива помош од судиите, додека Недвед му порача да не бара алиби за пораите. Сега, Комисо вели дека Недвед покажува огромно непочитување.

„Уште сме лути, бидејќи никој не ни се извини, ниту Недвед, ниту некој друг. Да се работеше само за еден инцидент, немаше да зборувам ништо, но се работеше за три различни натпревари. Имаше пенали против Џенова и Интер во нашите мечеви, но никој не го проверуваше ВАР. Само сакам да не третираат на ист начин како Јувентус. Тие имаат огромна заработувачка, но плаќаат на федерацијата иста сума како ние“, вели Комисо.

Комисо, кој минатата година го откупи тимот на Фиорентина посебно е лут на Недвед.

„Недвед не смее да зборува за мене на таков начин. Барам почит од Серија А за доброто на италијанскиот фудбал. Не сакам да ме третираат како некој идиот од Америка“, вели Комисо.

Комисо: До кога Јуве ќе победува со судиите? Недвед: Нека не бараат изговори за поразите!

Scroll to Top