Top Sport

Дембеле повторно се повреди

Барселона синоќа со голем пресврт победи во Сан Себастијан, но победата 2:4, скапо ја плати. Надвор од тимот по овој мач се капитенот Андрес Иниеста и Осман Дембеле.

Клубот на социјалните мрежи потврди дека Дембеле ја обновил повредата на мускулот и поради тоа ќе мора да паузира помеѓу три и четири недели.

Во финишот на мечот Французинот почувствувал болка во ногата која ја оперираше на почетокот на сезоната.

Покрај Дембеле против Реал Сосиедад се повредил и Иниеста. И капитенот има проблеми со мускулот, но за него клубот не соопшти колку ќе мора да паузира.

Дембеле сигурно ќе го пропушти двомечот во четврт-финалето во Купот со Еспањол и веројатно полу-финалниот двомеч во Купот, доколку Барса го мине Еспањол. Исто така тој нема да конкурира за место во тимот на првенствените натпревари со Бетис, Алавес, Еспањол и Хетафе.

Scroll to Top