Top Sport

Дембеле решил да остане во Барселона

Фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле е подготвен да прифати значително помала плата за да го продолжи договорот со клубот, пренесува „Скај спорт“.

Ова е значаен пресврт во преговорите меѓу играчот и Барселона, откако каталонскиот клуб се обиде да го продаде крилниот напаѓач во јануари.

Дембеле во последно време е редовен член на првиот тим на Барселона, тој во зимскиот преоден рок беше во контакт со Челзи и Пари Сен Жермен.

Според пишувањата на медиумите, 24-годишниот француски фудбалер сака да остане во клубот, откако во јануари од Арсенал дојде неговиот добра пријател, напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

Дембеле и Обамејанг беа соиграчи во Борусија Дортмунд.

Според актуелниот договор Дембеле има годишна плата од 13.000.000 евра. Со новиот доколку го прифати тој би заработувал на годишно ниво 4.000.000 евра.

Според „Скај спорт“, кога ќе се подобри финансиската состојба на Барселона Дембеле би добил покачување на платата.

Scroll to Top