Top Sport

Дембеле сака во Њукасл!

Ѕвездата на Барселона, Усман Дембеле е подготвен да направи трасфер во Њукасл, тврди порталот „Гол“, откако нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона.

Францускиот напаѓач, кому договорот со Барселона му завршува во јуни 2022, не сака да го продолжи договорот, а се верува дека ниту во Каталонија не се воодушевени од идејата тој да остане кај нив, и одеднаш преселба на „Сент Џејмс парк“, каде што пристигнаа богатите саудиски инвеститори станува реална.

Според шпанските медиуми, веќе постои конакт помеѓу премиерлигашот и агентот на Дембеле, со понуда за петгодишен договор од 15 милиони евра плата и бонус од 15 милиони евра за потписот. Дембеле пристигна на „Ноу Камп“ од Борусија Дортмунд во 2017 како прво засилување по трансферот на Нејмар во ПСЖ за 105 милиони евра. Проблемите со повредите го спречија да направи нешто повеќе во Каталонија, со само 30 гола во 118 настапи од трансферот.

Scroll to Top