Top Sport

Дембеле се успал, па тренирал сам

Фудбалерот на Барселона Усман Дембеле, играше добро во градското дерби против Еспањол, постигна и гола, а веќе наредниот ден им се врати на старите навики и продолжи да ги нервира сите во клубот.

Каталонските медиуми откриле дека Дембеле во неделата два часа доцнел на тренингот, поради што морал да работи сам. Фудбалерот наводно рекол дека се успал.

Претходно кога доцнеше на тренинг, тренерот Ернесто Валверде, го изостави од тимот против Бетис.

Сега казната ќе биде поинаква, бидејќи челниците биле лути од неодговорноста што ја покажува 21-годишниот фудбалер. На фудбалерот, наредниот месец, ќе му биде исплатена за седум отсто помала плата.

Демебеле е зависен од видео-игрите, поради што Барселона има намера да го продаде. За неговите услуги постои интерес кај неколку екипи од премиер лигата.

Scroll to Top