Усман Дембеле, човекот во чии трансфер Браселона вложи 135 милиони евра, повторно е главна вест во каталонските медиуми.
Францускиот репрезентативец во само неколку дена два пати ги прекршил правилата воведени од новиот тренер, Чави.
Чави бара од играчите 90 минути пред утринскиот тренинг, кој започнува во 10 часот, да бидат во тренинг-центарот.
Првиот ден Дембеле задоцнил три минути. Не е познати колкава казна ќе траба да плати, но тој е првиот што го прекршил правилото.
Вчера направил уште поголема глупост. Се успал и не се појавил на тимскиот состанок. Чави, пред тренингот закажал утрински состанок. Демеле, мислел дека состанокот е попладне. И за овој престап ќе мора да плати парична казна.
Прашање е до кога Чави ќе ги трпи, и покрај тоа што изјави дека Дембеле и важен играч за да може да ги спроведе своите замисли на теренот.