Аргентинскиот стручњак Мартин Демикелис е новиот тренер на играчите на Мајорка, објави клубот.
Демикелис ќе остане на клупата до крајот на сезоната, по што ќе има можност да ја продолжи соработката, доколку резултатите бидат добри и клубот остане во Примера.
Аргентинецот го наследи Јагоба Арасате на клупата, кој ја напушти Мајорка по три последователни порази во Ла Лига.
Мајорка сега е во зоната за испаѓање со 24 бода, е на 18-то место и се соочува со жестока борба за опстанок.
Моментално, Мајорка на табелата е само пред Леванте и Овиедо.
Foto/ EPA
