Тренерот на Лион, Силвињо стана третиот тренер кој денеска ја загуби работата, откако претходно Сампдорија го отпушти Еузебио ди Франческо, а Еспањол се раздели со Давид Галјего. Отказот за Лион доаѓа по поразот од 1:0 во дербито со локалните ривали Сент-Етјен, и сега на негово место доаѓа Жерал Батикл.
Лион се само на 14. место во Лига 1 со 9 поени по девет натпревари, со само две победи, додека во Лигата на шампионите им оди подобро – имаат четири поени по два меча во групата Г.
Силвињо, поранешниот бразилски бек кој се пензионираше во 2011, играше во Арсенал, Барселона и Манчестер сити. Потоа тој беше помошник на Роберто Манчини во Интер и во бразилската репрезентација, пред во мај првпат да добие шанса да биде лидер на Лион, заменувајќи го Бруно Женесио.