Top Sport

Дени Марфи со интересна идеја – ако тренерот добие црвен картон, да излезе еден играч

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дени Марфи има интересна идеја за „скротување“ на однесувањето на фудбалските тренери со тоа што ако тие добијат црвен картон, еден играч би морал да излезе од теренот.

Марфи коментираше по црвениот картон кој го доби Јирген Клоп при 1:0 победата во дербито над Манчестер сити, за што ќе одговара дисциплински, но вечерва ќе биде на клупата на мечот со Вест хем.

„Ова е интересна идеја, бидејќи директно влијае на играта, го казнува таквото однесување и ќе предизвика намалување на инцидентите. Можеби треба да го извадат капитенот ако менаџерот добие црвен картон. Ако го воведат тоа правило, ќе видите итно менување на однесуваето на тренерите“, вели Марфи за „Токспорт“.

Scroll to Top