Top Sport

Дени Роуз веќе нема да заигра за Вотфорд

Неверојатниот колапс на кариерата на поранешниот англиски репрезентативец Дени Роуз продолжува, откако од Клаудио Раниери и Вотфорд му е порачано дека веќе нема да заигра за нив, само шест месеци по неговиот трансфер од Тотенхем.

31-годишниот дефанзивец дојде кај новиот премиерлигаш во јуни откако му истече договорот со Тотенхем, тимот за кој не играше последните 18 месеци, и во август дебитираше во Карабао купот и имаше 8 настапи во Премиерлигата. Сепак, по доаѓањето на Клаудио Раниери на клупата, Роуз го загуби своето место и имаше само четири меча, по што ќе замине од клубот овој месец, откако Раниери изјави дека не е задоволен од физичката подготвеност на Англичанецот.

„Се сеќавам на Дени кој играше за Тотенхем и за англиската репрезентација и потребен ни е тој Дени. Но, го нема“, изјави пред два месеци Раниери.

Роуз, човекот со 29 настапи за англиската репрезентација, одигра 214 меча за Тотенхем во 14 години со клубот, но потоа беше позајмен во Њукасл по конфликтот со тогашниот менаџер Жозе Мурињо.

Scroll to Top