Бразилецот Денилсон во 1998 година стана најскапиот фудбалер на светот со трансферот во Реал Бетис, но никогаш не ги исполни огромните очекувања. 40-годишниот ексфудбалер, сепак, покажува дека уште „знае“ со топката.
Заедно со тимот на „Пријателите на пента“ (шампионскиот тим од 2002 година), против „Пријателите на Роналдо“ (играчи од бразилскиот национален тим), Денилсон играше во чест на 120-годишнината од основањето на градот Бело Хоризонте и покажа фантастична контрола на топката.
Покрај Денилсон во мечот играа и Ривалдо, Жилберто Силва, Жунињо и Едгар Давидс, а тимот на Роналдињо стигна до 4:1 победа.