Top Sport

Денот „Д“ за Солари, ќе остане ли тренер на Реал?

Раководството на Реал Мадрид, односно претседателот Флорентино Перез, во текот на денот, треба да соопшти дали Дантијаго Солари ќе остане на клупата на „кралскиот клуб“.

Аргентинецот беше назначен како привремено решение на тренерската позиција, откако пред две недели отказ доби Хулен Лопетеги.

Според правилата во Ла Лига, привремен тренер може да ја врши функцијата само две недели, а потоа клубот мора да му понуди договор или да бара друго решение. Тоа значи дека Реал, во текот на денот, ќе мора да соопшти да ли ќе ја продолжи соработката со Солари.

Досега, Реал со Солари победи на сите четири натпревари, во сите натпреварувања, со гол разлика 15:2.

„Важно е што го направивме неопходното, она што е најдобро за тимот. Работиме за доброто на Реал Мадрид. Јас не планирам ништо однапред. Ако баш ве интересира, в понеделник имам слободен ден“, рекол Солари.

Реал, по победата во Виго против Селта (4:2), остана на шестото место, но ја намали разликата на четири бода во однос на Барселона.

Scroll to Top