Top Sport

Тенискиот крал е крунисан во Лондон

Вчера, во Лондон, започна завршниот Мастерс во машка конкуренција, а Новак Ѓоковиќ го доби пехарот кој му се доделува на најдобриот играч во сезоната. Без оглед на резултатот што ќе го постигне на овој турнир, Ѓоковиќ 2018 година ќе ја заврши на првото место на АТП листата.

Завршниот Мастерс започна со мечевите во групата „Лејтон Хјуит“, со максималните победи на Кевин Андерсон против Доминик Тим и Кеи Нишикори против Роџер Федерер.

Ѓоковиќ, вечерва, ќе го одигра првиот меч во групата „Гуга Куертен“. Противник ќе му биде 33-годишниот Американец, Џон Изнер. Претходно во оваа група ќе играат Марин Чилиќ и Александар Зверев.

Годината која полека изминува беше полна со предизвици за Ѓоковиќ, поради повредата, а потоа и операцијата на лактот, лесно губеше мечеви, поради што падна на 22. место на АТП листата.

Меѓутоа вториот дел од сезоната му припадна во целост. Успеа да освои две гренд-слем титули (Вимблдон и Ју-Ес опен), а победи и на Мастерс турнирите во Синсинати и Шангај.

Во вториот дел од сезоната, Ѓоковиќ, има скор од 31 победа и само два порази (од Циципас на Мастерсот во Торонто и Хачанов во финалето на Мастерсот во Париз).

Токму поради оваа неверојатна серија, а и поради повредата на Рафаел Надал, тој успеа по две години повторно да се врати на челната позиција на АТП листата.

Ѓоковиќ петти пат во кариерата годината ја завршува како светски рекет број 1. Србинот им се приклучи на Роџер Федерер и Џими Конорс, кои исто така по пет пати биле најдобри на крајот од годината. Лидер на оваа листа е Пит Сампрас.

Scroll to Top