Top Sport

Депај дебитираше со гол, Барселона ја победи Џирона

Фудбалерите на Барселона ја забележаа втората победа во подготвителниот период. Барселона, во натпревар со три пенали, го победи локалниот ривал Џирона со 3.1. За Барселона дебитираше Мемфис Депај.

Првиот гол на мечот го постигна ветеранот Џерар Пике од пенал во 21.минута. Три минути подоцна резултатот го зголеми младиот Албанец, Реј Минај. За Минај ова беше четвртиот гол во подготвителниот период.

На три минути до крајот на првиот дел, Џирано, го намали резултатот со гол од пенал. Стрелец беше Саиз.

Во самиот финиш, Барселона доби уште еден пенал. Депај со деби голот за новиот тим го постави конечниот резултат 3.1.

Scroll to Top