Top Sport

Депај и Бускетс донесоа триумф над Мајорка

Барселона ја совлада Мајорка со 2:1 и по подолг период ги израдува фановите на „Камп Ноу“. Тимот на Чави се искачи на второто место на табелата во Ла Лига. На овој дуел по подолг период и Ансу Фати заигра во составот на Барселона.

Мемфис Депај донесе водство за Барселона во 25.минута, а на почетокот на вториот дел Серхио Бускетс зголеми на 2:0.

Мајорка намали преку Антонио Раило, но, сепак, триумфот му припадна на каталонскиот тим.

Scroll to Top