Top Sport

Депај преку својот адвокат демантира дека сака во Интер

Адвокатот на Мемфис Депај, Себастиен Ледур инсистира дека не преговара со Интер за потенцијален трансфере на „Меаца“ во јануари, и покрај шпекулациите во шпанските медиуми за „трампа“ за Хоакин Кореа. Според „Диарио АС“, тренерот Чави Ернандез одбил ваква замена, иако Депај ќе биде слободен играч во летото.

„Нема преговори со Интер. Можам да ги демантирам сите тие врски, тоа не е можност која ја разгледуваме“, се вели во објавата на Ледур.

Депај нема голема минутажа оваа сезона, постигнувајќи само еден гол во четири настапи. 28-годишниот Холанѓанец пристигна на „Ноу Камп“ како слободен играч од Лион во 2021 година.

Scroll to Top